Selçuk Buğra Gökalp
31 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
ТОКИО (АА) - Младиот турскиот стрелец Мете Газоз го освои златниот медал во индивидуално стрелаштво за мажи на Олимписките игри во Токио 2020 и денес на својата земја ѝ го донесе првиот олимписки медал во стрелаштво во историјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Соочувајќи се во финалето со италијанскиот стрелец Мауро Несполи, кој е 7. во светот, Газоз (22) го доби натпреварот со 6:4 и освои злато.
Претходно, турскиот стрелец се соочи со Јапонецот Такахару Фурукава, победи во полуфиналниот меч со 7:3 и стигна до финалето.
Мете Газоз, кој е на 4. место на светската ранг-листа, во својата кариера има освоено две индивидуални светски првенства во стрелаштво, еден златен медал на Медитеранските игри и два златни медала поединечно на Европските младински првенства.