ИСТАНБУЛ (АА) - Еден од најголемите светски настани, Меѓународниот саем за одбранбена индустрија, оваа недела во Истанбул ќе ги изложи најновите воени и технолошки производи на Турција и светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Четиридневниот настан започнува денес под покровителство на Претседателството на Република Турција. Домаќин на саемот е турското Министерство за одбрана, а организатор е на најголемата турска саемска фирма „Тујап“, одговорна за Фондацијата на Турските вооружени сили.
Според соопштението на „Тујап“, на саемот учествуваат околу 1.200 компании од Турција и од странство.
Минатата година, на настанот се приклучија над 1.000 учесници и го посетија околу 76.000 стручни лица од 71 земја.
Саемот оваа година беше планиран за овој мај, но беше одложен поради мерките за борба против пандемијата.
Саемот ќе биде домаќин на панели на различни теми, како што се вселенски студии, идни технологии и дигитална трансформација.
На настанот, исто така, ќе бидат изложени широк спектар производи од различни области на одбраната, вклучувајќи копнени возила, беспилотни летала, оружје, симулатори, радари, сонари, решенија за поморска платформа, авијациски системи, проектили, логистички возила, опрема за снабдување и безбедносни системи.
- Аселсан -
Како најголема турска одбранбена фирма, „Аселсан“ на саемот ќе прикаже повеќе од 250 производи.
Ќе бидат прикажани производи на компанијата во областите на поморската и воздушната одбрана, граничната безбедност, комуникациите, електронската војна, електрооптичките системи и вооружените системи.
Некои производи на компанијата, како што се ласерскиот уред за нишанење „ENGEREK-2“ и електрооптичкиот систем „ASELFLIR-500“, ќе бидат изложени за првпат.
-ТАИ -
Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) на саемот ќе ги изложи своите проекти за летала.
Вклучувајќи ги и авионите за обука „Хурџет“, беспилотното летало „Анка“, хеликоптерот „Атак“ и проектите за воени авиони ММУ, компанијата ќе биде значаен дел од настанот.
Компанијата, исто така, ќе го прикаже својот нов генерациски сателитски проект.
- Рокетсан -
Турскиот производител на ракети „Рокетсан“ ќе ги изложи своите постоечки производи и девет новодизајнирани производи.
На настанот за прв пат од „Рокестан“ ќе бидат изложени опремата за нишанење „LACIN“, оружените системи „SUNGUR“, торпедото од прва класа „AKYA“, мини ракетата со ласерско наведување „МЕТЕ“, торпедото „ORKA“ од 324 милиметри, проектилите „TRLG-122“ и „TRLG-230“ и системот за противвоздушна одбрана со низок дострел „YHSS“.
- Хавелсан -
Водечката турска компанија на полето на одбраната „Хавелсан“ за првпат на настанот ќе го прикаже својот новоразвиен систем „Дигитални војници“.
Системот им овозможува на беспилотните летала и копнените возила без екипаж да работат заедно.
Компанијата, исто така, ќе одржи сесија за време на настанот, под наслов „Армиите на иднината: дигиталните војници“.
- СТМ -
Турската одбранбена компанија СТМ (STM) ќе обезбеди иновативни одбранбени производи од кибербезбедноста до тактички мини беспилотни летала на саемот.
СТМ, како главен изведувач на првата турска фрегата „TCG Истанбул“, исто така ќе ги покаже своите домашни инженерски способности на настанот преку проектите за поморски платформи, како што се фрегата од прва класа, брод за логистичка поддршка, подморница „TS1700“ и офшор патролно пловило.
На настанот ќе бидат прикажани и беспилотните системи на компанијата, како што се „KARGU“, „ALPAGU“ и „TOGAN“.
- ФННС -
Турската одбранбена фирма ФННС за прв пат на овој настан ќе изложи копнено возило, развиено за турската Армија, наречено „Парс IV 6х6“.
Возилото е отпорно на импровизирани експлозивни направи и мини, а има способност за стрелање при специјални операции и структура на модуларен штит.
Возилото има силен мотор и два независни оружени системи на далечинско управување, наречени „Санџак“.
Фирмата исто така ќе го прикаже „Каплан МТ“ - првиот извезуван производ на Турција во одбраната од класата тенкови. Тенкот беше лансиран во 2017 година, а компанијата го потпиша својот прв договор за извоз во 2019 година. Во фазата на сериско производство, компанијата направи одредени промени во корпусот и кабината на тенкот.
- Катмерџилер -
Турскиот производител на воени копнени возила „Катмерџилер“ ќе изложи две нови оклопни возила.
Возилото за итни интервенции 4х4 за резиденцијални подрачја, наречено „Ерен Булбул“, има краток радиус на вртење, тесна и кратка структура на телото, балистичка заштита на високо ниво и силен капацитет за искачување.
Другото возило на компанијата е обновена верзија на тактичкото оклопно возило „Хизир 4х4“, Хизир II.
Компанијата, исто така, ќе покаже и други копнени возила, вклучително и возило за криминалистичка истрага „Кирач“ и платформа за пукање со далечински управувач „UKAP“.
- Калекалип -
Турската одбранбена компанија „Калекалип“, производител на калапи за оружје и ракети, ќе изложи 13 пушки, од кои три се новопроизведени.
Компанијата произведува пушки од НАТО класата за домашни и странски клиенти.
- Нурол -
Друг турски производител на воени копнени возила, „Нурол макине“, ќе прикаже обновена верзија на својот мал камион 4х4, наречен Јорук.
Исто така, ќе го прикаже својот постоечки производ „Ејдер Јалчин“, амбулантна верзија на оклопно воено возило.
- БИТЕС -
Турската воена технолошка фирма БИТЕС за првпат ќе ја прикаже својата опрема за воени тактички операции (АТОК).
Компанијата и Претседателството на одбранбени индустрии во земјата потпишаа договор во 2019 година за АТОК, чија цел е да генерира „војник на иднината“.
АТОК обезбедува носливи/подвижни производи за дигитализација за примена од страна на војниците на терен.
- Отокар -
Турскиот цивилен и воен производител на возила „Отокар“ за првпат ќе се појави на саемот. Компанијата ќе прикаже 11 воени возила и системи кули.
Меѓу возилата, ќе биде претставено електричното оклопно возило „Акреп II“ и неговата верзија со дизел-мотор „Акреп II“.
Оклопното возило на Отокар „Кобра II МРАП“, отпорно на мини, за првпат ќе биде изложено на саемот.
- МКЕ -
Турската корпорација за механичка и хемиска индустрија (МКЕ) ќе го прикаже својот систем за противвоздушна одбрана, чија цел е да ги опреми бродовите против проектили, куршуми, беспилотни летала и хеликоптери.
Турските поморски сили ги користат поморските системи „Фаланга“ и „Зенит“ во бродовите во моментов, но овие системи имаат проблеми во однос на модернизацијата.
Фирмата произведе прототип на својот нов одбранбен систем и се очекува проектот да биде завршен во втората половина на 2022 година.
- Метексан -
Друга турска компанија за одбрана, „Метексан“, ќе го прикаже својот новодизајниран радарски систем, МИЛСАР.
Системот има за цел да ја зголеми ефикасноста на беспилотните летала со зголемување на нивниот капацитет за набљудување во секоја временска состојба.
МИЛСАР може да работи со неколку турски беспилотни летала, вклучувајќи ги „Бајрактар ТБ2“, „Анка“, „Аксунгур“ и „Бајрактар Акинџи“.
- Асисгард -
Турската технолошка компанија „Асисгард“ ќе го прикаже првиот турски систем на вооружени беспилотни летала, „Сонгар“, чија цел е да уништи бомби со ласер со висока моќност.
„Сонгар“ има можност да биде опремен со различни видови оружје.
Другото беспилотно летало на фирмата, „Тоган“, може да носи и користи ракетен лансер.
- Зироне динамикс -
Турскиот производител на дронови, „Зироне динамикс“, ќе ги прикаже своите мини беспилотни летала.
Дронот на компанијата наречен „ZCQM“ може да лета над 70 минути со товар од 500 грама.
Друго беспилотно летало, ZCOM, може да носи товар од 25 килограми 30 минути и 1,5 килограми повеќе од два часа.
news_share_descriptionsubscription_contact
