Ahmet Furkan Mercan
13 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
ТОКИО
Според веста што ја објави агенцијата „Кјодо“, Владата и Јапонската агенција за вселенско истражување (JAXA) ќе спроведат проекти за развој на одржливи извори на храна на Месечината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Проектот, кој ќе биде финансиран од Владата, ќе има за цел да ја задоволи побарувачката за резерви на храна во долгорочни и повеќебројни мисии на Месечината.
Во проектот во кој ќе се охрабрат да учествуваат и компаниите од приватниот сектор, учество ќе земат групата за истражување на вселенската храна „Space Foodsphere“, производителот на зачини „Ajinomoto“ и компанијата „NTT Data“ за информатичка технологија.
Проектот заснован на јавно-приватно партнерство, во почетокот ќе започне во домашни капацитети, а во наредната фаза ќе биде преместен на места со услови слични на природата на Месечината, како што е Антарктикот.
Проектот ќе го испитува приносот на земјоделските култури во затворен простор со цел да развие технологија за формирање одгледувачки капацитети на затворени површини на Месечината.
Според извештајот на меѓународната финансиска институција „Морган Стенли“, глобалната вселенска индустрија, во моментов вредна 350 милијарди долари, ќе донесе приход од 1 трилион долари во 2040 година.