Mustafa Çalkaya
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Темел Котил, генералниот директор на Турската воздухопловна индустрија (TUSAŞ), изјави дека авионите ХУРЏЕТ и АТАК-2 ќе полетаат на 18 март 2023 година, а националниот борбен авион тој ден го напушта хангарот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Котил се состана со претставниците на медиумите во рамките на 15-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2021) во Истанбул.
Потенцирајќи дека проектот „Национален борбен авион“ продолжува под полна пареа, Котил изјави: „Авионите ХУРЏЕТ и АТАК-2 ќе полетаат на 18 март 2023 година, додека нашиот национален борбен авион го напушта хангарот.“
Тој истакна дека проектите како што е Ѓоксунгур продолжуваат, е рече дека во моментов се фокусираат на ХУРЏЕТ, на националниот борбен авион и на АТАК-2.
Потенцирајќи дека проектот ХУРЏЕТ е од посебна важност за Турција, Котил истакна: „Благодарение на овој проект ние обучивме многу луѓе. Спроведовме активности со цел овој авион да полета и да слета на носач на авиони.“
- „Доколку треба, ќе учествуваме во гаснењето на шумските пожари“ -
Темел Котил посочи дека беспилотните летала се мултифункционални и при шумските пожари, Котил, и додаде: „Беспилотните летала имаат и камери за ноќно гледање и точно ја одредуваа локацијата на секој избувнат пожар. Беа исклучително успешни во раното предупредување за шумските пожари. Која било задача што ќе ни ја доделат за шумските пожари, ние ќе ја извршиме.“
Посочувајќи дека имаат за цел да станат светски бренд со композитниот погон основан од Турската воздухопловна индустрија (TUSAŞ), Котил истакна дека објектот прераснал во објект чие име се споменува.
Тој рече дека Турската воздухопловна индустрија (TUSAŞ) е еден од технолошките и инженерските центри на Турција, дека Турција има потреба од многу инженери и додаде дека за таа цел планираат во рамките на Турската воздухопловна индустрија (TUSAŞ) да вработат 10.000 инженери.