Furkan Abdula
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, учествуваше на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Османи на овој состанок учествуваше на покана на претседавачот со ПСЈИЕ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу.
Во врска со овој состанок, министерот Османи на својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека регионалните иницијативи се круцијални за зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, и дека ПСЈИЕ е клучен фактор во овој процес.
„Регионалните иницијативи се круцијални за зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакна Османи.
Според него, денешниот министерски состанок кој се одржуа во турскиот град Анталија активно ќе ја зајакнува регионалната соработка во ова круцијално време.
Најавено е дека Османи, во рамките на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со Чавушоглу, и со со својот колега од Србија, Никола Селаковиќ.
Освен Чавушоглу, на овој состанок учествуваат министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и на Молдавија.