Merve Özlem Çakır
10 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Лутфи Елван е назначен за нов министер за финансии и трезор на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во Службениот весник на Република Турција објавена е претседателската одлука со која на местото министер за трезор и финансии се именува Лутфи Елван.
Назначувањето на Елван на оваа позиција се случи откако оставка поднесе поранешниот министер Берат Албајрак.
Лутфи Елван е роден во 1962 година во округот Ерменек, во Караман. По дипломирањето на Техничкиот универзитет во Истанбул, Елван магистрира рударство и оперативни истражувања на Универзитетот Лидс во Англија, а потоа заврши магистерски од областа на економијата на Универзитетот во Делавер, САД.
Покрај неговите бројни должности во областа на економијата, развојот, образованието во Турција, Елван беше пратеник во турскиот Парламент, а во претходните состави на Владата на Република Турција беше министер за транспорт, поморство и комуникации, потоа министер за развој, а ја извршуваше и функцијата заменик премиер на Република Турција.