Mehmet Yılmaz Güldaş
12 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, по покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе престојува во работна посета на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство се истакнува дека Конте, во првата посета на Турција откако ја презеде функцијата, со претседателот Ердоган ќе разговараат за билатералните односи од сите димензии и чекорите што ќе бидат преземени за подобрување на соработката.
На разговорите се очекува да се разменат мислења за тековните регионални и меѓународни случувања, особено за настаните во Либија.