свет

Состанок Чавушоглу - Мас: „Додатно да се унапредат механизмите на дијалог и соработка“

Чавушоглу во Анкара денес се состана со германскиот колега Хеико Мас, а по состанокот двајцата оценија дека тоа биле конструктивна средба и разговори за низа билатерални и регионални теми, како и за односите меѓу Турција и ЕУ.

Muhammet Tarhan, Şerife Çetin, Gökhan Varan  | 18.01.2021 - Обновена : 20.01.2021
Состанок Чавушоглу - Мас: „Додатно да се унапредат механизмите на дијалог и соработка“

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека владите на Турција и Германија договориле интензивирање на механизмот на билатерален дијалог и соработка и дека во тој контекст ќе бидат одржувани состаноци на ресорните тела, вклучувајќи го и Советот за економско и трговско партнерство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу во Анкара денес се состана со германскиот колега Хеико Мас, а по состанокот двајцата оценија дека тоа биле конструктивна средба и разговори за низа билатерални и регионални теми, како и за односите меѓу Турција и ЕУ.

Шефот на турската дипломатија изјави дека разговорите и соработката на највисоките официјални претставници на Турција и Германија се продолжени и во периодот на пандемијата на Ковид-19.

Истакнувајќи дека двете земји во текот на изминатите години успеале да остварат трговска размена од 38 милијарди долари, Чавушоглу изјави дека Германија е прва земја во која Турција најмногу извезува, а втора земја од која Турција најмногу увезува.

„Согласни сме за неопходноста од додатно унапредување на билатералниот дијалог и соработка на сите полиња“, изјави Чавушоглу.

Тој, исто така, изјави дека со позитивни исчекори е креирана подобра атмосфера во односите меѓу Турција и ЕУ.

Шефот на германската дипломатија, Мас, изјави дека делегациите на двете земји денес во Анкара детално разговарале и за односите измеѓу Турција и Европската Унија и дека тој сака тие односи да бидат сè подобри и подлабоки.

„Се надевам дека ќе ги надминеме несогласувањата и спорните прашања што ги имавме меѓу Турција и ЕУ.“

Тој го коментираше и апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални по враќањето во Москва и повика на негово итно ослободување.

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец со потекло од Турција, Месут Озил, преминува од англискиот клуб Арсенал во истанбулскиот Фенербахче, а Мас изјави дека Озил остварил големи успеси во германската репрезентација и дека му посакал успешно продолжување на кариерата во турската Супер лига.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.