свет

Откриени скандалозни преписки во кои ОН ги споделувале имињата со кинеските власти

Преписката по електронска пошта, што Рајли ја забележала за време на нејзината активна должност во OHCHR и ја споделила со дописникот на АА открива дека ОН честопати ги споделувале „имињата на опозиционерите“ со кинеската делегација.

Ekip  | 18.01.2021 - Обновена : 20.01.2021
Откриени скандалозни преписки во кои ОН ги споделувале имињата со кинеските власти

ЖЕНЕВА (АА) - БАЈРАМ АЛТУГ / ШЕРИФЕ ЧЕТИН -

Тврдењата дека Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) ги споделила со кинеската Влада имињата на опозиционерите од Хонгконг и Тибет, особено на активистите Ујгури, добија нова димензија со преписките до кои дојде Агенција Анадолија (АА).

Вработената во OHCHR и адвокатка за човекови права Ема Рајли, која често го истакнува тврдењата дека овој Комесаријат ги споделува со кинеската Влада имињата на опозиционерите, со новинарот на АА ги сподели преписките од електронската пошта кои ги увидела додека активно работела во OHCHR.

Покрај преписките од електронската пошта меѓу вработените во OHCHR, исто и соопштенијата за медиумите и интервјуата откриваат дека со кинеската делегација вработена во ОН биле споделувани имињата на бројни кинески активисти и други опозиционери кои учествувале во споредни активности, како што се панели, конференции и отворени сесии кои ОН во минатото често ги организирале во врска со човековите права.

Таа тврди дека споделувањата на имињата со кинеската Влада сеуште продолжуваат и ден денес. Како доказ за тоа го покажува едно соопштение на ОН објавено во 2017 година, додека како пример ја покажува нејзината декларација на едно рочиште во 2019 година на која учествувала како обвинета, која истакнала дека оваа практика на ОН сеуште продолжува. Според неа, оваа состојба е во контрадикција со декларацијата на ОН дека оваа практика била прекината во 2015 година.

Во соопштението за медиумите на OHCHR објавено на 2 февруари во 2017 година, се наведува следното:

„Кинеските претставници и другите честопати неколку дена или недели пред седниците на Советот за човекови права ја прашуваат Канцеларијата на ОН за човекови права дали некои членови на невладини организации ќе присуствуваат на состаноците. Канцеларијата не ја потврдува оваа информација сè додека официјално не заврши процесот на акредитација и се утврди дека не постои очигледна закана по безбедноста.“

Ова соопштение покажува дека споделувањето на имињата може да се изврши по завршување на процесот на акредитација. Кога ќе се земе во предвид дека процесите за акредитација за сесиите на Советот за човекови права завршуваат пред неколку недели, во случај да посакува кинеската Влада, постои доволно време за да им се врши притисок на овие лица.

Некои организации, меѓу кои и „УН воч“ и „Хјуман рајтс воч“, тврдат дека практиката на ОН го загрозува не само животот на кинеските активисти и опозиционери, туку и на нивните семејства и роднини.

- Електронската преписка до која дојде АА ги потврдува наводите

Преписките споделени со новинарот на АА од страна на Рејли која ги актуелизира наводите дека се споделуваат имињата на опозиционерите, го откриваат проблематичното функционирање во ОН.

Преписката по електронска пошта, што Рајли ја забележала за време на нејзината активна должност во OHCHR и ја споделила со дописникот на АА открива дека ОН честопати ги споделувале „имињата на опозиционерите“ со кинеската делегација.

Во електронската пошта од 7 септември 2012 година, дипломат од делегацијата на Кина во ОН на службеникот од OHCHR, задолжен за комуникација со невладините организации, му напишал „како и секогаш“, барајќи информации дали имињата од списокот што му го испратил ќе учествуваат на 21-та седница на Советот за човекови права на ОН.

Службеникот на ОН му одговара на кинескиот дипломат дека „Долкун Иса“ и „Хе Генг“, сопруга на кинескиот активист Gao Zhisheng, ќе бидат меѓу учесниците.

Во преписката што се одвива во 2013 година, кинескиот дипломат истакнува: „Многу добра соработка имаше меѓу кинеската мисија и вашиот оддел во претходните сесии“, и бара повторно да се потврди кои имиња ќе присуствуваат на сесијата.

Во периодот кога е во тек електронската преписка, до овој оддел испратена е покана за ручек од амбасадорот на делегацијата на ОН во Кина.

- Рајли: „ОН продолжуваат да ѝ ги даваат на Кина имињата на опозиционерите“

Рајли, нагласи дека се во судски проецес со ОН и дека рочиштата продолживаат во Трибуналот на ОН за спорови.

„Во моментов немам задолженија. ОН продолжуваат да ми ја исплаќаат платата, но немам опис на работата. Не можат да ме отпуштат бидејќи знаат дека ја кажувам вистината. Но не ми даваат никакви задолженија“, рече Рајли.

Рајли изјави дека за прв пат во февруари 2013 година открила дека Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права им ги открива на кинеските дипломати имињата на опозиционерите и активистите.

„Без да губам време, започнав да подготвувам извештај по ова прашање. Го информирав актуелниот висок комесар за човекови права на ОН. Ја информирав Европската Унија (ЕУ)“, истакна Рајли.

Таа тврди дека вработен во OHCHR на ЕУ ѝ дал „лажна изјава“, додавајќи дека ЕУ не го следела тоа прашање.

Нагласувајќи дека имињата на 50 до 70 кинески опозиционери биле дадени на Кина од страна на ОН, Рајли истакна дека 8-9 од нив се државјани на САД и 5-6 се државјани на Германија.

Рајли рече дека ги известила двете земји за практиката на OHCHR.

„Во исто време, фактот дека OHCHR на Кина ѝ ги дава имиња на граѓани на други земји, претставува големо дипломатско прашање“, прокоментира Рајли.

„Од соопштението за медиумите на ОН објавено во 2017 година и судењето одржано во 2019 година, може да се види дека таа практика сè уште трае. Штом оваа практика завршила во 2015 година, зошто тогаш во соопштение за јавноста издадено во 2017 година и на судењето во 2019 година тие признаа дека сè уште трае оваа практика?“

Таа нагласи дека на првото рочиште во судот на ОН го добила случајот отворена против неа, и дека австралискиот судија Rowan Downing пресудил дека практиката на OHCHR е илегална. Таа тврди дека „на ОН не им се допаднала оваа одлука и дека го повлекле судијата од случајот“.

- „Во животна опасност се лицата чии имиња ѝ се дадени на Кина“

Забележувајќи дека според инструкциите дадени од ОН, OHCHR нема право да ја информира Кина за имињата на учесниците на состаноците, Рајли истакна:

„Всушност, постојат инструкции во Советот за човекови права на ОН. Според тие инструкции, доколку која било земја сака да знае кој присуствувал на состаноците, тогаш на Управниот одбор на Советот за човекови права треба да добие одобрување од земјите членки. Ова упатство, кое е многу јасно напишано од Советот за човекови права, е прекршено од страна на Кина.“

„Во опасност се животите на оние чии имиња се дадени (на Кина). Никој од нив не е ни свесен дека нивните имиња ѝ се дадени на Кина. Мојата должност како вработена во ОН за човекови права беше да го поставам на дневен ред ова прашање“, рече Рајли.

Изјавувајќи дека на кинеските власти им е дадено името на претседателот на Светскиот конгрес на Ујгурите, Долкун Иса, кој учествувал во активностите на Советот за човекови права на ОН во Женева во 2016 и 2019 година, Рајли рече дека за време на истражниот процес, Иса бил еден од оние што сведочеле во нејзина корист.

Изјавувајќи дека Иса неколкупати бил приведуван во Европа под притисок на Кина, Рајли го рече следното:

„И неговиот брат беше приведен во Кина. Агенти го посетиле неговото семејство во Кина и побарале да не ги штити правата (на Ујгурите Туркијци). Како директен резултат на тоа што неговото име ѝ беше дадено на Кина, неколку пати бил спречен влезот на Иса во ОН. Имало многу случаи на одмазда од страна на Кина (реваншизам) против луѓе кои отворено ги бранеле своите права (во ОН).“

- „Повеќето од активистите се Ујгури Туркијци“

Истакнувајќи дека од безбедносни причини нема да ги сподели имињата на другите активисти на кои Кина им се одмаздува, Рајли додаде дека повеќето од нив се Ујгури Туркијци.

Рајли истакна дека кинеската Влада покрај тоа што ги заплашувала семејствата на активистите и опозиционерите на Ујгурите Туркијци, тоа го правела и со оние од Тибет и Хонгконг.

Рајли, зборувајќи дека постојат јасни докази дека семејствата на активистите и опозиционерите чии имиња од страна на ОН ѝ биле дадени на Кина, првенствено Ујгурите „се наоѓаат во концентрациони логори, каде што работат под присила и се подложени на сексуално насилство“, го истакна следното:

„Фактот дека сето ова го објавуваат независни експерти за човекови права на ОН, давањето на имињата на овие луѓе на Кина од страна на Секретаријатот на ОН претставува соучесништво, бидејќи со тоа семејствата на овие лица стануваат цел.“

- „ОН станаа партнер во меѓународниот криминал, одговорните да дадат отчет“

Рајли, говореше за тоа која е причината поради што практиката на Канцеларијата за човекови права на ОН ја пријавила до земјите членки, и рече:

„Бидејќи таквиот акт (на ОН) претставува соучесништво во меѓународните злосторства (прекршоци). Ова е токму спротивното од она што ОН требаше да го сторат. Канцеларијата на ОН за човекови права всушност не смее да ги ризикува животите на бранителите на човековите права. Шокантно е и тоа што единствената грижа на Канцеларијата беше да ме спречи да ја пријавам оваа состојба.“

- ОН ги негираше тврдењата на Рајли

Руперт Колвил, портпаролот на OHCHR, тврди дека практиката за споделување на имињата била „ограничена“ пред 2015 година и дека по тој датум била завршена.

Колвил, во изјавата што ја даде за АА на 14 јануари, истакнува: „Од 2015 година, оваа ограничена практика заврши. Последните 5 години OHCHR на ниту една држава не ѝ ги потврди имињата на активистите акредитирани да присуствуваат на седниците на Советот за човекови права на ОН. Погрешни се постојаните тврдења на Рајли дека оваа практика продолжува и денес.“

Наспроти тврдењата на Рајли, Колвил тврди дека „нема никакви докази дека ваквата практика на OHCHR му наштетила на кој било учесник“.

Портпаролот Колвил истакнува: „Отсечно ги отфрламе наводите на Рајли. За жал, поради тековните (правни) процеси, ограничени сме во можноста подетално да одговориме на нејзините многубројни тврдења.“

- Иса: „Сведочев за Рајли“

Од друга страна, претседателот на Светскиот конгрес на Ујгурите, Долкун Иса, во изјава за новинарот на АА рече дека заедно со ујгурската активистка Рабија Кадир и други Ујгури сакале да присуствуваат на состанокот на Советот за човекови права на ОН во 2013 година, и дека покрај што имале акредитации, полицијата се обидела да ги отстрани од салонот, и дека причина за тоа се напорите на Кина.

Тој нагласи дека дека во 2017 година бил приведен пред состанокот во Италија „под притисок на Кина“, и дека во 2018 година со обвинението на Кина за „терорист“, бил спречен неговиот влез во ОН.

„Кина ги користи сите свои можности за да нè спречи. Тие нѐ исфрлија и од ОН со полициска присила во Њујорк, 2017 година“, додаде тој.

Забележувајќи дека го изгубил контактот со целото семејство од 2017 година наваму, Иса рече дека од медиумите дознал дека починал татко му, додека мајка му починала во спорните кампови на Кина во 2018 година.

Иса нагласи дека неговиот помал брат се води како исчезнат, додека неговиот постар брат е уапсен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.