Gökhan Ergöçün
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Извозот на Турција се зголеми за 9,6 отсто на годишна основа и во февруари достигна 16 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Република Турција (TurkStat) соопшти денес дека увозот минатиот месец се зголемил за 9,4 отсто, на 19,3 милијарди долари, со што надворешнотрговскиот дефицит е зголемен за 8,7 отсто, на 3,29 милијарди долари.
Во првите два месеца од оваа година, извозот се зголеми за 5,9 отсто, достигнувајќи 31,04 милијарди долари, а увозот е зголемен за 1,4 отсто, на 37,38 милијарди долари.
Во периодот јануари-февруари трговскиот дефицит е помал за 15,9 отсто, односно за 6,35 милијарди долари во однос на истиот период минатата година.