Kemal Karadağ
13 Ноември 2021•Ажурирај: 14 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Баран терорист на ДЕАШ е еден од двете лица приведени додека се обидувале да преминат во Турција преку Сирија, соопштија од турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористот на ДЕАШ беше баран со црвена потерница“, објави Министерството преку Твитер.
Во 2013 година, Турција стана една од првите држави кои ја прогласија ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Турција започна воени и полициски операции во рамки на земјата и надвор за да спречи понатамошни напади.