Gözde Bayar
14 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, утре ќе престојува во посета на Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Чавушоглу ќе го посети Иран на покана на неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдулахиан.
„Во текот на посетата ќе се разговара за сите аспекти на нашите билатерални односи и ќе бидат разменети мислења за регионални и меѓународни прашања“, се додава од Министерството.