Gökhan Ergöçün
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турската воздухопловна индустрија (TAI) спроведува два проекти за беспилотно летало (UAV) заедно со проектите за три авиони и шест хеликоптери, вклучително и за националниот борбен авион (MMU), изјави челникот на Воздухопловната индустрија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Велејќи дека најважниот проект е националниот борбен авион (MMU), Темел Котил изјави за АА дека за работа на овој проект се потребни околу 6.000 вработени, половина од нив од Турската воздухопловна индустрија (TAI) и останатиот дел од другите компании со кои соработуваат.
Котил истакна дека авионот од петтата генерација има само еден пилот, додека вештачката интелигенција служи како втор пилот и додаде дека националниот борбен авион (MMU) ќе ја има оваа одлика.
„Работата на моторот на националниот воен авион ќе започне во 2023 година, а авионот ќе започне со летање во 2025 година, а потоа ќе им биде доставен на Турските воздухопловни сили“, нагласи тој.
„Моторот е развиен од турската компанија за производство на автохтони мотори ТР Мотор, заедничка компанија на ТАИ и друга турска одбранбена компанија ССТЕК“, изјави Котил, нагласувајќи дека е потребна поддршка од други компании за развој на периферните и поткомпонентите на моторот.
„Брзините за слетување ќе бидат заеднички изработени од италијанска и турска компанија, Турција ќе ги поседува своите интелектуални права, а климатските системи ќе бидат произведени во Турција“, рече тој и додаде дека Турција мора целосно да го поседува авионот за да го направи „национален“.
„Конкурентите се свесни дека Турција и ТАИ се силни играчи“, нагласи тој, велејќи: „Ако тие дадоа лиценца за Ф-35, ќе правевме по две единици месечно како ТАИ. Важна е лиценцата, правата на интелектуална сопственост. Инаку, сега имаме можност да го направиме Ф-35.“
„Ние се обидувавме да го направиме ММУ што е можно поавтохтон од самиот почеток... Сите негови делови мора да бидат автохтони и национални за да ги продадеме на пријателските земји. Немаме друг избор освен да го шириме овој процес со текот на времето, вклучувајќи го и производството на моторот“, додаде Котил.