Yunus Kaymaz
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер, во натпревар на Светскиот боксерски совет (WBC) во тешка категорија го нокаутираше Кубанецот Луис Ортиз и ја одбрани шампионската титула, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во американскиот град Лас Вегас, во „МГМ Гранд Гарден Арена“ (MGM Grand Garden Arena) се одржа бокс меч за шампионската титула меѓу 34-годишниот Вајлдер и предизвикувачот Луис. Вајлдер успеа во 7. рунда да го нокаутира Ортиз, со што успеа по 10. пат да ја одбрани шампионската титула на Светскиот боксерски совет.
По оваа победа Вајлдер зад себе ги остави поранешните боксерски ѕвезди Мајк Тајсон, Леок Луис и Џо Фрејзер (9 одбрани на титули) и се изедначи со американската боксерска легенда Мухамед Али.
- Рекордер е Џое Луис со 25 одбрани на титулата -
Во историјата на светскиот бокс, рекордер е американскиот боксер Џое Луис кој 25 пати успеа да ја одбрани титулата светски шампион. По Луис следува Американецот Лери Холмс со 20 одбрани, а на третото место е Украинецот Владимир Кличко со 18 одбрани.
Вајлдер сѐ уште нема претрпено пораз во својата боксерска кариера. Тој настапи на 43. меч, победувајќи на 42, од кои 41 со нокаут, а еден меч завршил без победник.