İlyas Gün
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
САМСУН (АА) - Фудбалскиот клуб Самсунспор, кој игра во втората лига на Турција, на домашен терен ја пречека екипата на Шанлиурфаспор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мечот од трибините го следеа околу 100 деца без родители поканети од управата на Самсунспор во рамките на проектот за општествена одговорност.
Но, децата, освен натпреварот, во 55. минута ги чекаше вистинско изненадување. Имено, навивачите и играчите од вреќи почнаа да вадат кадифени играчки и да им ги фрлаат на децата на трибините.
Воодушевените дечиња на почетокот не сфатија што всушност се случува, а потоа возбудено почнаа да ги собираат играчките од столиците.
Целиот стадион со громогласен аплаус го проследи овој несекојдневен гест на навивачите и фудбалерите на Самсунспор, кој на крајот забележа и победа со убедливи 5:0.