24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ЛИМА (АА) - Фудбалерите на бразилскиот Фламенго го освоија Копа Либертадорес оваа сезона. Тие во финалето, одиграно синоќа во Лима, во драматична завршница направија голем пресврт против бранителот на титулата, аргентинскиот Ривер Плата, и славеа со резултат 2:1, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Присутните на стадионот „Монументал“ навистина можеа да уживаат во фудбалскиот спектакл. Ривер го презеде водството рано, во 14. минута, со голот на Рафаел Сантос Боре. Сѐ до самиот крај на натпреварот, аргентинскиот клуб имаше предност, а потоа следуваше голем пресврт. Првин во 89. минута изедначи Габриел Барбоса, за во судиското продолжение, истиот играч да донесе голема победа на Фламенго.
Со оваа победа Фламенго стигна до вториот пехар во Копа Либертадорес во својата клупска историја, додека Ривер ја пропушти можноста да стигне до петтиот трофеј.