Yunus Kaymaz
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во редовниот дел од американската Национална кошаркарска лига (НБА), екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс ги извојуваа своите седми последователни победи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 средби во НБА. Екипата на Милвоки Бакс на домашен терен ја пречека Детроит Пистонс. Домаќините извојуваа победа од 104:90, постигнувајќи ја 13. победа сезонава.
Ова е 7. победа во серија за екипата на Бакс, која со успехот постигнат во последните неколку кола, ја презеде лидерската позиција во Источната конференција од тимот на Бостон Селтик.
Најдобра игра во редовите на Милвоки покажа Јанис Адетокунбо, постигнувајќи дабл-дабл учинок од 28 поени и 10 скока, а свој придонес во победата дадоа Весли Метју со 13 и Ерик Бледсо со 11 поени.
Најпрецизен во редовите на Пистонс беше Дерик Роус со 20 поени. Андре Драмонд постигна дабл-дабл од 12 поени и 17 скока.
- Лејкерси ја продолжија серијата -
Екипата на Лос Анџелес ѝ гостуваше на Мемфис Гризлис. Гостите извојуваа победа од само 1 поен разлика - 108:109, продолжувајќи ја својата победничка серија на 7 победи, останувајќи на лидерската позиција во Западната конференција.
Најпрецизен во Лејкерс беше Леброн Џејмс со 30 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека свој придонес во победата даде и Ентони Дејвис со 22 поени, 4 скока и 3 асистенции.
Во редовите на Гризлис најпрецизни беа Џа Морант со 26 поени, 3 скока и 6 асистенции, Џе Краудер со 21 поен, 6 скока, 3 асистенции и Џарен Џексон јуниор со 20 поени и 7 скока.
- Резултати од синоќа одиграните средби:
Минесота Тимберволвс - Феникс Санс 98:100
Шарлот Хорнетс - Чикаго Булс 115:116
Индијана Пејсерс - Орландо Меџик 111:106
Атланта Хоукс - Торонто Репторс 116:119
Њујорк Никс - Сан Антонио Спарс 104:111
Филаделфија Севентисиксерс - Мајами Хит 113:86
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Лејкерс 108:109
Кливленд Кавалирс - Портланд Треил Блејзерс 110:104
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 104:90
Јута Џез - Њу Орлеанс Пеликанс 128:120