Yunus Kaymaz
10 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа три натпревари во НБА. Ол-стар играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, на гостувањето против Мемфис Гризлис постигна 20 поени, 10 скока и 11 асистенции за својот 100. „трипл-дабл“ во кариерата, но Гризлис извојува победа од 13 поени разлика, известува Агенција Анадолија (АА).
Леброн Џејмс е петтиот играч во историјата на НБА кој успеал да постигне 100 трипл-дабл, по Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Џејсон Кид.
Во редовите на Лејкерс најпрецизен играч беше Ентони Дејвис со 22 поени и 8 скока, додека Ејвери Бредли и Тален Хортон-Такер постигнаа по 10 поени.
Џерен Џексон од Гризлис беше најдобар стрелец на натпреварот со 25 поени и 5 скока, а Дезмонд Бејн со 23 поени и Стивен Адамс со 13 скока дадоа свој придонес во победата на домаќините.
- Јута Џез својата победничка серија ја зголеми на шест натпревари
Со победата на гостински терен на Филаделфија Севентисиксерс од 118:96, Јута Џез ја постигна својата шеста последователна победа.
Кај Џезерите дабл-дабл постигнаа Руди Гоберт со 17 поени, 21 скок и Хасан Вајтсајд со 14 поени и 10 скока, додека Донован Мичел го заврши натпреварот со 22 поени.
Кај Севентисиксерс, Џоел Ембид постигна 19 поени, 9 скока, Сет Кари - 18 поени, а Тобијас Харис постигна 17 поени. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, кој на теренот мина 15 минути и 42 секунди, натпреварот го заврши со 4 поени, 1 скок и 1 асистенција.
Во третиот натпревар Сан Антонио Спарс на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со 123:111.