Ecenur Çolak
10 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
РИМ (АА) - Во финалето на Купот на Италија Јувентус го совлада Милан со резултат од 4:0, јавува Anadolu Agency (AA).
На Олимпискиот стадион во Рим синоќа се играше финалето на Купот на Италија меѓу екипите на Јувентус и Милан. Натпреварот што го водеше судијата Антонио Дамато заврши со победа на Јувентус од 4:0.
Првото полувреме од натпреварот заврши без погодоци, а Меди Бенатија со погодокот во 56. минута го доведе Јувентус во водство од 1:0.
Во 61. минута Даглас Коста зголеми на 2:0, а со вториот погодок на Меди Бенатија во 64. минута Јувентус поведе со 3:0.
Никола Калиниќ од Милан со автоголот во 76. минута го доведе Јувентус во водство од 4:0, резултат со кој заврши финалето на Купот на Италија.