Dejan Maksimoviç
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
МАНЧЕСТЕР (AA) – Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопшти дека нивниот поранешен менаџер, Сер Алекс Фергусон (76), по итната операција поради мозочното крварење во саботата, е пуштен од интензивната нега, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се додава дека Фергусон ќе продолжи со третманот како болнички пациент во болницата „Салфорд Ројал“.
„Неговото семејство беше пријатно изненадено од нивото на поддршка што ја доби. Тие побараа приватност бидејќи Фергусон влегува во следната фаза на опоравување“, соопштија од Манчестер Јунајтед.
Фергусон ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед во 2013 година после 26 сезони, 38 освоени трофеи, вклучувајќи ги и 13 титули шампиони на Англија и две на Европа. Освен Јунајтед, тој ги тренираше и Ист Стерлингшир, Сент Мирен, Абердин, како и репрезентацијата на неговата родна Шкотска.