Dejan Maksimoviç
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
МАНЧЕСТЕР (AA) – Сер Алекс Фергусон, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед итно е хоспитализиран по мозочно крварење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британските медиуми јавуваат дека 76-годишниот Фергусон по мозочниот удар се наоѓа во сериозна состојба.
„Сер Алекс Фергусон денеска помина итна операција поради мозочно крварење. Операцијата помина многу добро, но потребна му е интензивна нега за да неговото опоравување биде оптимално. Неговото семејство бара приватност во овие тешки моменти", соопштија од Манчестер Јунајтед.
Загрижноста на јаваноста се појави во сабота попладне кога неговиот син Дарен Фергусон не се појави на клупата на Донастер во натпреварот од последното коло на лигата „One" против Виган. Од клубот соопштија дека Фергусон е отстутен поради семејни причини.
Алекс Фергусон на Олд Трафорд помина 26 сезони, од 1986 година до 2013 година. Со црвените ѓаволи освои дури 38 трофеи.