Aleksandar Savanovic
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
НОВИ САД (АА) - Во Спортскиот и бизнис центар „Војводина“ во Нови Сад денес започна 53-тото Европско првенство во карате на кои ќе земат учество над 2.000 учесници од 54 држави, јавува Anadolu Agency (АА).
Претставувањето на најдобрите каратисти од Европа ќе трае до 13-ти мај. Првенството започна со демонстрација на кати во поединечна конкуренција, а потоа започнаа борбите. Квалификациските натпревари ќе се одржат денеска и утре, а за време на викендот ќе се водат борби за медали, вклучувајќи и демонстрација на карате вештини во кати, како во поединечна така и во екипна конкуренција.

Свеченото отворање на Европското првенство во карате е предвидено за утре.
Тензиите во пресрет на Европското првенство поради учеството на репрезентацијата на Косово предизвикаа поголемо присуство на полицијата која вчера го обезбедуваше Спортскиот и бизнис центар „Војводина“. Денес, присуството на органите на редот во непосредна близина на борилиштата е помало. Репрезентативците на Косово на првенството учествуваат без обележја, додека останатите натпреварувачи имаат истакнати амблеми на државите од коишто доаѓаат и на националните карате организации.