Yunus Kaymaz
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Вејн Руни, играчот на англискиот прмиерлигаш Евертон, најверојатно ќе премине во редовите на американскиот фудбалски клуб ДЦ Јунајтед, јавува Anadolu Agency (AA).
Британскиот печат објави вест во која се наведува дека поради недоразбирања со техничкиот директор на Евертон Сем Алардајс, Вејн Руни, поранешниот репрезентативецот на Англија, постигнал договор за трансфер во редовите на американскиот фудбалски клуб ДЦ Јунајтед, член на Американската фубалска лига (MLS).
Во веста се вели дека ДЦ Јунајтед за Руни ќе плати обештетување во висина од 12 милиони фунти.
Руни кој потекнува од пионерската школа на Евертон, во периодот 2004-2017 го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, по што се врати во матичниот клуб.
Сезонава Руни одигра 40 натпревари за Евертон, постигнувајќи 11 погодоци.