Dejan Maksimoviç
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Тео Волкот, поранешен фудбалер на Арсенал, изјави дека Вејн Руни одиграл голема улога во неговиот избор кариерата да ја продолжи во Евертон, јавува Anadolu Agency (AA).
Волкот, кој помина 12 години во Арсенал, во средата го официјализира трансферот на „Гудисон парк" каде што ќе ја дели соблекувалната со поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед. Тие своевремено играа заедно за репрезентацијата на Англија, така што соработката на терен не им е непозната.
„Имав бројни разговори со Руни и тоа беше еден од клучните фактори да дојдам во Евертон. Тој ми кажа дека е одлично место за играње фудбал и клуб кој е во пораст. Тоа е причината поради која дојдов тука. Ова е клуб со голема историја, одлични фанови, секогаш страствени и мене отсекогаш ми било многу тешко да играм тука. Сакате да бидете дел од нешто посебно, а Руни чувствува дека Евертон навистина ќе се подобри", изјави Волкот за британските медиуми.
Според извештаите на медиумите, Евертон му платил на Арсенал 20 милиони фунти (околу 22,7 милиони евра) за 28-годишниот крилен напаѓач. Волкот одигра 397 мечеви во дресот на Арсенал и постигна 108 погодоци. Претходно одигра полусезона за Саутхемптон. Тој одигра 47 натпревари за репрезентацијата на Англија и успеа осум пати да ја затресе мрежата на противникот.