Yunus Kaymaz
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од англиската Премиер лига, Евертон, го заврши траснферот на играчот од среден ред, Фабијан Делф, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот, 29-годишниот фудбалер кој го носеше дресот на Манчестер Сити, потпиша тригодишен договор со Евертон.
Делф, со дресот на Манчестер Сити каде што играше четири сезони, одигра 89 натпревари и постигна пет погодоци.