Emre Doğan
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Белгискиот репрезентативец и фудбалер на англискиот Евертон, Ромелу Лукаку, доаѓа на Олд Трафорд, а Манчестер Јунајтед овој трансфер ќе го чини 85 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на веб-страната на клубот од Манчестер наведено е дека постигнат договор со Евертон за премин на 24-годишниот белгиец во Театарот на соништата.
Иаку во соопштението не е наведено за колку вреден трансфер се работи, англиските медиуми објавија дека Евертон од продажбата на Лукаку ќе добие 75 милиони фунти (85 милиони евра).
Лукаку забележаа 59 настапувања за репрезентацијата на Белгија, и во 23 наврати ја затресе противничката мрежа. Во изминатата сезона на Премиер лигата, Лукаку одигра 37 натпревари и постигна 25 гола.