Dejan Maksimovic
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, според британските медиуми го помина медицинскиот преглед пред преминувањето во Евертон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Карамелите“ се подготвени да го одведат Руни, 13 години откако го напушти клубот и премина на Олд Трафорд за 20 милиони фунти. Искусниот 31-годишен напаѓач се враќа на Годисон Парк, каде што дебитираше во Премиер лигата на 16 години.
Роналд Куман уште во март изрази интерес за враќање на англискиот репрезентативец, додека британските медиуми овие денови известија дека двата клуба се договориле околу трансферот.
Руни на Олд Трафорд помина 13 сезони во текот на кои одигра 559 натпревари и постигна 253 гола. Во дресот на националниот тим настапи 119 пати со 53 погодоци.