Adel Ömeragiç
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Реванш мечот од квалификацииите за фудбалскаа Лига на шампионите помеѓу Будуќност и Партизан, кој ќе се одигра на 18. јули, прогласен е за натпревар од висок ризик, јавува Anadolu Agency (AA).
Од седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во подгоричкиот клуб стаса допис дека станува збор за натпревар од исклучително безбедносни ризици, што било и очекувано, со оглед дека на тоа дека прв пат во квалификациите за Лига на шампионите се состануваат прваците на Црна Гора и Србија.
Организираните навивачи на Партизан би требало да добијат околу 600 влезници за јужната трибина, во согласност со капацитетот на стадионот и обвврските на клубот домаќин да обезбеди влегување на стадионот и на навивачките на гостинскиот тим.
Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека Партиза во Црна Гора има голем број навивачи, јасно е поради што престојниот дуелн на стадионот под Горица и од европска адреса е означен како потенцијално опасен.
Првиот натпревар помеѓу овие два ривали на програма е во вторник, на 11. јули во Белград.