Mutlu Demirtaştan
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити во своите редови го донесе Филип Стевановиќ од српскиот фудбалски клуб Партизан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на српскиот клуб се нагласува дека со Манчестер Јунајтед е постигнат договор за трансфер на 18-годишниот Стевановиќ.
Се вели дека овој договор ќе биде официјализиран во периодот на трансферите во средината на сезоната.
Стевановиќ со дресот на Партизан одигра 54 натпревари и постигна 12 погодоци.