Hüseyin Burak Demirer
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА
Синоќа се одиграа последните натпревари од 2. коло по групи во УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Во европското најпрестижно фудбалско клупско натпреварување синоќа се одиграа средбите од 2. коло во групите Е, Ф, Г и Х.
Во групата Г се одигра дербито на колото меѓу екипите на Јувентус и Барселона. Барселона преку Дембеле во 14. минута поведе со 0:1, а Меси со удар од белата точка во 90.+1. минута постигна погодок, нанесувајќи му на домаќинот пораз од 0:2.
Откако на 13 октомври беше соопштено дека ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, е позитивен на Ковид-19, тој живее во изолација. И на последниот тест пред натпреварот против Барселона, Роналдо беше позитивен, така што тој не можеше да им помогне на своите соиграчи против шпанскиот претставник.
- Манчестер Јунајтед трите поени ги зеде со 5 погодоци
Во групата Х турскиот претставник Медипол Башакшехир на домашен терен го пречека Париз Сен Жермен. Иако првото полувреме заврши без погодоци - 0:0, домаќините не успеаја да го издржат притисокот на францускиот претставник. Моизе Кен со двата погодоци постигнати во 64. и 79. минута ги постави конечните 0:2 и му донесе победа на ПСЖ.
Во истата група Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречека Лајпциг. Домаќинот извојува убедлива победа од 5:0.
Ова е втора победа на англискиот претставник, а Рашфорд на оваа средба постигна хет-трик. Гринвуд и Марсијал се стрелците на преостанатите два гола.
Краснодар му беше домаќин на Челси. Англискиот претставник извојува убедлива победа од 0:4.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Група Е
Краснодар - Челзи 0:4
Севиља - Рен 1:0
Група Ф
Клуб Бриж - Лацио 1:1
Борусија Дортмунд - Зенит 2:0
Група Г
Ференцварош - Динамо Киев 2:2
Јувентус - Барселона 0:2
Група Х
Медипол Башакшехир - ПСЖ 0:2
Манчестер Јунајтед - Лајпциг 5:0