Abdulkadir Karakaya
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерот Алекс Телес кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тренерот на овој клуб, Оле Гунар Солскјер, соопшти дека тестот на Телес кој вчера не беше дел од составот во мечот против Лајпциг одигран во рамки на Лигата на шампионите УЕФА, бил позитивен.
Солскјер нагласи дека бразилскиот фудбалер нема симптоми и дека е во добра здравствена состојба.
Дваесет и седумгодишниот одбранбен фудбалер од Порто беше трансфериран во Манчестер Јунајтед.