Muhammed Emin Canik
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
БУЕНОС АИРЕС
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за висока бројка на смртни случаи во земјите на Латинска Америка, известува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа како последица на заразувањето со Ковид-19, во Бразил починаа 510 лица, во Мексико таа бројка изнесува 495, во Аргентина 345, во Колумбија 188, додека во Перу, 58.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 510 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 158.456. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 28.629, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 5.468.270.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 4.934.548 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 345 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 30.71. Во истиот период детектирани се 13.924 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.130.533.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 931.147 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на седмото место во светот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, а карантинот во осум покраини и во главниот град Буенос Аирес е продолжен до 8 ноември.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 495 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.595 новозаразени.
Во Мексико, со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 90.309 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 906.863. Во оваа земја досега оздравеа 663.639 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 10. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 188 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 30.753.
Во последните 24 часа детектирани се 8.717 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.41.935. Во оваа земја досега оздравеа 941.874 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е осма земја во светот според бројката на заразени лица со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 58 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 866 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 894.928, починаа 34.315 заразени, а оздравеа 816.688 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.