Muhammed Emin Canik
08 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
АНКАРА (АА) - Меѓу 50 најопасни градови во светот, 42 се наоѓаат во Латинска Америка, која се истакнува по проблемот со безбедноста, пренесува Anadolu Agency (AA).
Народниот совет и Кривичниот суд на Мексико, поради Јавната безбедност во земјата, ја објави листата на 50 најопасни градови во светот за 2017 година.
Според поделбата по држави, меѓу најопасните градови во светот, 17 се наоѓаат во Бразил, 12 во Мексико, 5 во Венецуела, 3 во Колумбија, 2 во Хондурас и по еден во Ел Салвадор, Порторико и Гватамела.
На листата, која е подготвена според процентот на убиства спореден со популацијата, за најопасен град во светот е прогласен градот Лос Кабос. Во овој град, во 2017 година на 100.000 жители отпаѓа по 112 убиени лица. Акапулко, познатото туристичко место во Мексико, со 106 убиства на 100.000 жители се наоѓа на третото место.
Каракас, главниот град на Венецуела, го дели првото место на листата најопасни градови во светот, заедно со мексиканскиот град Лос Кабос, со 112 убиства на 100.000 жители.
Град со најголем број убиства во Бразил е Натал. Во овој град минатата година се извршени 102 убиства на 100.000 жители. Освен тоа, Форталеза е град во кој за време од една година е забележан најголем пораст на убиствата од 50 отсто.
Листата на 10-те најопасни градови во светот изгледа вака: Лос Кабос (Мексико), Каракас (Венецуела), Акапулко (Мексико), Натал (Бразил), Тихуана (Мексико), Ла Паз (Мексико), Форталеза (Бразил), Виторија (Бразил), Гвајана (Венецуела), Белем (Бразил).
На листата, градот Сан Педро Сула од Хондурас е запишан како град во кој е забележан најголем пад на процентот на убиства. Во овој град, во 2016 година имало 112 убиства на 100.000 жители, додека во 2017 година, бројот на убиства падна на 52.
На листата 50 најопасни градови во светот, покрај градовите од Латинска Америка, се наоѓаат и четири градови од Соединетите Американски Држави (Сент Луис, Балтимор, Њу Орлеанс и Детроит), три од Јужна Африка (главниот град Кејптаун, Дурбан и Нелсон Мандела Беј) и градот Кингстон од Јамајка.