Ekipa
08 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
АНКАРА (AA) - На иницијатива на претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, 2018 година e во знакот на мотото „Tуркменистан - срцето на големиот пат на свилата“. Ова беше претходно објавено од Амбасадата на Република Турција во Туркменистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова начело има длабоко симболично значење. Многу векови, Туркменистан служел како мост за трговска и културна соработка меѓу народите од Истокот и Западот, благодарение на бројните каравани кои преминувале преку територијата на Туркменистан, и се нарекувал „спој на седум патишта“.
Во поново време, во Туркменистан се реализирани голем број меѓународни и регионални проекти, особено во областа на енергетиката, транспортот и комуникацијата, проекти за зајакнување и промовирање на комерцијални, економски, културни и хуманитарни врски засновани на меѓусебнa соработка меѓу Централна Азија и другите региони.
Во овој контекст, на 26 февруари 2018 година, претседателот на Туркменистан во градот Туркменабат, центарот на провинцијата Лебап, под слоганот на годината, го промовираше спортскиот натпревар „Големиот свилен пат“, на кој ќе се одржат натпревари во атлетика, велосипедска трка и меѓународниот натпревар во авторели „Амул - Хазар 2018“.
Симболично е што овие патишта кои минуваат низ срцето на Туркменистан, низ историјата биле антички патишта.
Како што е познато, меѓународното рели „Патот на свилата - 2009“ беше реализирано помеѓу Казањ и Ашхабад по иницијатива на претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, во 2009 година. Во овој контекст, натпреварот „Амул - Хазар 2018“ ќе биде симболичен и ќе се одвива под слоганот „Туркменистан, срцето на великиот свилен пат“ во септември оваа година.
Во тек се подготовките за меѓународниот авторели натпревар „Амул - Хазар 2018“. Нацрт-предлогот за релито ќе биде подготвен, а натпреварот ќе се состои од пет етапи: Амул - Мари, Мари - Дарваза, Дарваза - Туркменско Езеро, Туркменско Езеро - Јангала и Јангала - Аваза.