İsmihan Özgüven, Erdal Türkoğlu
23 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
Хатај (АА) – Екипа од Anadolu Agency (АА) го снимаше бегалскиот камп Јамада во Сирија во кој се наоѓаат Туркмени кои поради копнените интервенции на режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад и руските воздушни напади беа принудени да ги напуштат своите домови.
И покрај речиси пет-годишната граѓанска војна, Туркмените не сакаа да ги напуштат своите домови, но поради се почестите напади нема друго решение освен да се иселат.
Туркмените и Арапите, бегајќи од нападот, се населиле во местото Јамада, кој припаѓа на сирискиот град Лазкије. Илјадници луѓе, меѓу кои повеќето се жени и деца, живеат во кампот без струја и вода.
Семејствата кои допрва доаѓаат на оваа територија се обидуваат да постават 575 шатори кои претходно беа донирани од страна на турската Црвена полумесечина и Секторот за вонредни ситуации при Владата на Република Турција (AFAD).
Тарик Саки, кој синоќа со своето семејство дојде во Јамада рече дека тој побегнал тука, бидејќи тие се постојано изложени на напади, и дека одлучи да избега за да ги заштити децата.
"Вчера бевме кај роднини. Денес се обидуваме да се поставиме свој шатор. Овде ни е потребно се. Ситуацијата е многу лоша. Руски авиони постојано бомбардираат. Немавме друго решение освен да бегаме ", изјави Саки.