Enes Kaplan
27 Ноември 2021•Ажурирај: 28 Ноември 2021
АШХАБАТ (АА) - Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, со највисоки државни почести го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во посета на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Свечениот пречек по повод посетата на Ердоган е организиран во палатата „Огужан“.
Двајцата лидери одржаа состанок по официјалната церемонија.
Бердимухамедов и Ердоган на крајот на состанокот присуствуваа и на церемонијата на потпишување голем број договори меѓу двете земји.
Во турската делегација се наоѓаат голем број високи претставници, меѓу кои и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез и министерот за одбрана Хулуси Акар.