Турција

Тела на три лица пронајдени во Истанбул, цијанид на местото на настанот

Ова е трет случај на смртен случај поврзан со цијанид во Турција

Ali Murat Alhas  | 15.11.2019 - Обновена : 16.11.2019
Тела на три лица пронајдени во Истанбул, цијанид на местото на настанот

ИСТАНБУЛ (АА) - Тричлено семејство денеска е пронајдено мртво во нивниот дом во централниот дел на Истанбул, каде што спасувачките единици пронашле цијанид, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според локалните власти, полицијата се упатила во домот на семејството во подрачјето на Бакиркој, откако соседите пријавиле дека се сомневаат оти нешто се случило.

Полицијата на подот пронајде безживотни тела на маж, жена и на дете.

Гувернерот на Бакиркој подоцна даде изјава во која вели дека единиците на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) детектирале мирис на местото на настанот, кој подоцна бил идентификуван како цијанид.

Преземајќи ги потребните мерки, единиците за спасување ја евакуираа целата зграда.

Ова е трет случај на смртен случај поврзан со цијанид во Турција. Претходно овој месец, четири возрасни браќа и сестри беа пронајдени мртви во нивниот стан во Истанбул, поради труење со цијанид.

Вториот случај се случи минатата недела, кога едно четиричлено семејство - маж, неговата сопруга и две деца - беа пронајдени мртви поради труење со цијанид во јужната турска област Анталија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.