Ayşe Yıldız
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
АНТАЛИЈА (АА) – Објектот „Аларахан“, во кој престојувале караваните што минувале низ регионот, се наоѓа на историскиот пат на свилата, во подрачјето на градот Аланија, во областа Анталија, кој бил трговски центар за време на Селџуците. Со цел да им понуди безбедност на караваните што поминувале по овој пат, на стрмниот рид е изградена тврдината Алара, која сега ги пречекува туристите, јавува Anadolu Agency (AA)
Туристичкиот центар Анталија се протега на простор којшто носи траги од многу цивилизации и архитектонски објекти.
Изградбата на тврдината Алара започнала за време на Римската Империја, а нејзините нови делови се доградувани од страна на селџучкиот султан Алаедин Кејкубат Први, во 1232 година. Таа заедно со објектот „Аларахан“ во нејзина близина го привлекува вниманието со својата архитектонска градба.
Оваа тврдина заедно со Аларахан, за време на селџучкиот период биле место за одмор на караваните што минувале, а во османлискиот период биле користени како медреса, но отсега ќе ги пречекуваат туристите.
Гостите кои пристигаат со автобуси, се качуваат на камилите што чекаат покрај анот и оттаму, покрај потокот Алара, пристигнуваат до тврдината. Поминувајќи низ тунел кој во еден дел е затемнет, се искачуваат 120 скали за да пристигнат до тврдината, оттаму можат да уживаат во погледот на околината.
Тврдината и Анот се наоѓаат на 37 километри од Аланија. Административната управа на областа има за цел да развие проекти за алтернативен туризам, кој ќе работи во текот на 12 месеци во годината, а притоа градот нема да биде само триаголник од „море, песок и сонце“.
Административната управа во Анталија, со своите промотивни активности ги опфаќа тврдината Алара и Аларахан, и планира да привлече повеќе туристи во регионот.