Vakkas Doğantekin
03 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Еден од лидерите на домородните заедници во Канада изјави дека Владата треба да изврши притисок врз Бразил за да стави „крај на неговото насилство врз амазонскиот народ“, се вели во соопштенито на канадското Министерство за надворешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Собранието на првите нации (AFN), Чиеф Пери Белегард, во писмото до канадската министерка за надворешни работи, Кристиа Фриланд, изрази длабока загриженост.
Тој се осврна на политиките на Бразил за амазонската дождовна шума како што се „нападите и инвазиите“ од нелегалните рудари за злато, ранчери и шумари врз уставно признати домородни територии во северниот регион на Амазонија во Бразил.
„Канада е екстремно загрижена за пожарите во амазонската дождовна шума и нивното влијание врз домородците кои живеат таму со генерации“, се вели во соопштението издадено во понеделникот, кое се однесува на речиси 77.000 пожари, според Институтот за вселенски истражувања (INPE).
„Опстанокот на домородците во Амазонија е изложен на ризик“, изјави за „Си-би-ес њуз“ (CBC News), Џоди Вилсон-Рејбулд, поранешен шеф на Собранието на првите нации (AFN) и поранешен министер за правда во администрацијата на канадскиот премиер Џастин Трудо.
Бразил, кој е дом на околу 60 отсто од амазонските шуми, во својот Устав од 1988 година додели 14 отсто од земјата на домородниот народ.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро минатата недела изјави дека неговата администрација е против „нелегалното уништување“ на шумите на Амазонија и вети дека ќе се бори против криминалните активности како што се пожарите, за кои смета дека се нормални како последица на сезоната на топлина, сувост и ветер.
Тој додаде дека Бразил, во однос на животната средина, со своите закони и визија за заштита на домашната вегетација, е водечка меѓу многу други земји. Но портпаролот на бразилската Влада во понеделникот објави дека претседателот, поради мала хируршка операција нема да учествува на Самитот за пожарите во Амазон, што треба да се одржи следниот петок во Колумбија.