Nuri Aydın
03 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА
Во Њу Делхи, главниот град на Индија, се урна четирикатница во изградба. Во несреќата животот го загубија две лица, а три се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times), во североисточниот дел на Њу Делхи, во подрачјето на Силампур се урнала четирикатница во изградба, а во несреќата животот го загубиле две лица, додека три се повредени.
Се претпоставува дека под урнатините на зградата се заглавени уште најмалку пет лица.
Во тек се операции за извлекување на лицата што се наоѓаат под урнатините.