Dilara Hamit
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Новинари, академици и политичари во периодот од 21 до 22 октомври ќе се соберат во Истанбул за да учествуваат на „ТРТ Ворлд форум“ (TRT World Forum), јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодишната тема на „ТРТ Ворлд форум“ е „Глобализација во повлекување: Ризици и можности“.
Сесијата ќе ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Меѓу другите учесници на „ТРТ Ворлд форум“ се претседателката на Генералното собрание на ОН, Марија Фернанда Еспиноса Гарсес, поранешната претседателка на Бразил, Дилма Вана Русеф, лидерот на малезиската Партија за народна правда, Анвар Ибрахим, грчкиот главен опозициски лидер Јанис Варуфакис, романскиот министер за европски работи, Ѓеорѓе Чамба, поранешниот австриски канцелар Кристијан Керн, поранешниот премиер на Финска, Еско Тапани Аховил и поранешниот сириски премиер Ријад Фарид Хиџаб.
Ибрахим Ерен, претседател и генерален директор на ТРТ, изјави дека Светскиот форум многу влијае врз меѓународното јавно мислење.
„ТРТ обезбедува медиумски услуги исто така и како платформа за јавни радиодифузни услуги, која исто така нуди решенија за глобалните проблеми“, изјави Ерен.
Тој исакна дека иако „ТРТ Ворлд форум“ е сѐ уште во својата трета година, ТРТ стана амбициозен светски бренд и ќе го продолжи својот успех на ист начин.
Форумот ќе се одржува два дена со повеќе од 30 сесии на кои ќе се дискутира за прашањата кои ја окупираат светската агенда, како десничарскиот тероризам, зголемувањето на популизмот и национализмот, иднината на Блискиот Исток, трговските војни, иднината на ЕУ и соработката на новите сили.