Hacer Başer
03 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија неутрализира три балистички ракети лансирани од Хусите во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската телевизија „Ал Арабија“ јави дека саудиските воздухопловни одбранбени сили елиминирале три балистички ракети истрелани од страна на Хусите кон пограничниот град Неџран.
Хусите денеска соопштија дека со балистички ракети го нападнале аеродромот „Неџран“ во југозападниот дел на Саудиска Арабија.
Јеменските Хуси поддржани од Иран, во последно време со балистички ракети со среден и долг дострел и со беспилотни летала вршат напади врз делови од земјата. Саудиска Арабија генерално со системот на воздушна одбрана ги неутрализира.
Во Јемен подолг период владее политичка нестабилност. Од септември 2014 година Хусите под своја контрола држат одредени региони во земјата, меѓу кои и главниот град Сана.
Во поголем број градови во земјата доаѓа до судири меѓу војската и Хусите. Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.