Elena Teslova
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Русија денеска изврши тестирање на балистичка ракета со краток дострел, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана се вели дека снимката од беспилотното летало покажала дека целта на ракетниот тест била успешно уништена.
Оваа вежба се гледа како одговор на тестирањето крстосувачки ракети извршено од Соединетите Американски Држави (САД) минатата недела.
Минатиот месец САД официјално се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF), по неколкумесечната вербална војна меѓу Москва и Вашингтон.
Договорот беше потпишан во 1987 година од тогашниот советски лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган, со што се намалија шансите за нуклеарна војна во Европа.
Во рамките на Договорот обете страни ја уништија целата класа ракети со среден и краток дострел во период од четири години.