свет

Европска Унија: Во 2020 година 100 милиони луѓе со соочија со ризик од сиромаштија

Европскиот завод за статистика (Еуростат) објави податоци за граѓаните кои живеат со ризик од сиромаштија или социјална исклученост во земјите на ЕУ во 2020 година

Ata Ufuk Şeker  | 15.10.2021 - Обновена : 18.10.2021
Европска Унија: Во 2020 година 100 милиони луѓе со соочија со ризик од сиромаштија

БРИСЕЛ (АА) - Речиси 100 милиони луѓе во Европската Унија (ЕУ) минатата година се соочија со ризик од сиромаштија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Европскиот завод за статистика (Еуростат) објави податоци за граѓаните кои живеат со ризик од сиромаштија или социјална исклученост во земјите на ЕУ во 2020 година.

Според тоа, минатата година, 21,9 проценти од населението во ЕУ се соочи со ризик од сиромаштија или социјална исклученост, а вкупно 96,5 милиони луѓе во земјите на ЕУ живееја на прагот на сиромаштија.

Земјите со најголем процент на луѓе кои живеат на прагот на сиромаштија се Романија (35,8 проценти), Бугарија (33,6 проценти), Грција (27,5 проценти) и Шпанија (27 проценти).

Земјите со најниска стапка на сиромаштија или социјална исклученост се Чешка (11,5 проценти), Словачка (13,8 проценти), Словенија (14,3 проценти) и Холандија (15,8 проценти).

Стапката на сиромаштија во Германија изнесува 22,5 проценти, во Франција 18,9 проценти, а во Белгија, 20,4 проценти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.