Abdulkadir Karakaya
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
ЛОНДОН (АА) - Во 26. коло во англиската Премиер лига, Манчестер Сити на гостински терен победи против Евертон со резултат 2:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот се одигра на стадионот „Гудисон парк“.
Двата погодока Манчестер Сити ги постигна во продолженијата на првото и второто полувреме, односно Амерок Лапорт погодокот го постигна во 45.+2. минута, додека Габриел Хесус во 90.+7. минута.
Со овој резултат, Манчестер Сити своите бодови во табелата ги зголеми на 62, и премина на врвот на табелата пред Ливерпул.
Евертон се наоѓа на 9. позиција со 33 бода.