Dejan Maksimoviç
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
РИМ (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи дека во нокаут-фазата на Лигата на шампиони и Лига Европа ќе го користи судискиот видеоасистент (ВАР), а играчите што со рацете ќе прават телевизиски екран, барајќи од судијата да ја провери својата одлука, ќе добијат жолт картон, пренесува Anadolu Agency (AA).
УЕФА првично, како и англиската Премиер лига, за разика од многу национални натпреварувања во Европа, примената на системот ВАР го пролонгираше за наредната сезона. Но сега одлучи да го користи овој систем во нокаут-фазата на натпреварите што се под нејзина закрила.
Во соопштението за медиумите, објавено пред денешниот Конгрес на УЕФА во Рим, Роберто Росети, претседател на Советот на судии на европската куќа на фудбалот, објасни дека сочувувањето на авторитетот на судиите е клучна причина поради која играчите ќе бидат санкционирани.
„Секој играч кој со рацете ќе покажува форма налик на ТВ-приемник, ќе биде предупреден со жолт картон. И во случај играчите да го обиколат судијата, мора да постои дисциплинска интервенција. Сакаме да дејствуваме во такви ситуации. ВАР-системот ќе се користи само во исклучителни ситуации. Не сакаме да го уништиме духот на натпреварот со 3-4 прекини на секој натпревар. Мора да постои јасна слика за јасни ситуации“, истакна Росети.
Покрај наведеното, Росети нагласи дека судиите на УЕФА, секој повик од собата ВАР, лично ќе го проверат на екранот покрај теренот.
ВАР-системот, освен во англиската Премиер лига, веќе се користи и во германската Бундеслига, италијанската Серија А, шпанската Ла лига и во Француската Лига 1.
Системот ВАР се користеше и на последното Светско фудбалско првенство во 2018 година што се одржа во Русија.