Mutlu Demirtaştan
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
РИМ (AA) - Словенецот Александар Чеферин е избран на функцијата претседател на Европската фудбалска организација (УЕФА), јавува Anadolu Agency (AA).
Во Рим се одржува 43. Конгрес на УЕФА на кој делегатите денеска бираа раководство на оваа организација за мандат кој ќе трае до 2023 година.
Како на единствен кандидат, на Чеферин продолжен му е мандатот на прв човек на УЕФА.
По суспензијата на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, Чеферин на чело на оваа организација е избран на вонреден конгрес кој е одржан во септември во 2016 година.