Zülfiya Yakup
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Владата на Косово одлучи да го продолжи мандатот на мисијата на ЕУЛЕКС за уште две години, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Косово на денешната седница го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Косово и Европската унија за мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово и ќе ги измени законите поврзани со мандатот на ЕУЛЕКС. Предлог-законот Собранието на Косово треба да го ратификува пред 14 јуни, со оглед на тоа што тогаш истекува мандатот на ЕУЛЕКС.
Премиерот на Косово, Иса Мустафа, претставувајќи го нацрт-законот за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС, нагласи дека е убеден дека продолжението на мисијата во Косово ќе забрза потребните реформи во правосудните институции и ќе придонесе за доближување на Косово до ЕУ.