Melda Çetiner Karagöz
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
АНКАРА (AA) - Големото народно Собрание на Република Турција (ТБММ) го усвои предлогот на Владата на Република Турција за продолжување на мандатот на турската војска до 30 октомври 2017 година, да спроведува воени операции преку граница, во соседните земји Ирак и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката опфаќа продолжување на надлежностите на Владата на Република Турција во командувањето со оружените сили во спомнатиот период, надвор од границите на Турција.
Предлогот на Владата на Република Турција на гласањето во парламентот го поддржаа пратениците на владеачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), како и опозициските Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата на национално движење (МХП).