Sarp Özer
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Командантот на Воздушните сили на Турција, генерал Абидин Унал изјави дека Турските вооружени сили делуваат под команда и координација на началникот на Генералштабот и координирано и посветено работат на чистењето на предавничките елементи на терористичката организација ФЕТО која минатата недела се обиде да изврши воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние посветено и непрекинато делуваме под команда и координација со нашиот начелник на Генералштабот за да ги исчистиме илегалните терористички и предавнички групи кои се инфилтрирани во нашите редови. Делуваме решително и со обединети сили. Нема основа ни за најмал сомнеж во тоа", рече Унал.
Во разговор со новинарот на АА, генералот Унел рече дека некои медиуми злонамерно пренеле лажни и претенциозни вести за да предизвикаат забуна во јавноста.
„Изјавата која ја дадов во рамките на Воздушните сили некои од медиумите злонамерно и со цел ја извлекоа од контекст и објавија информации кои не се точни,ниту во склад со реалната ситуација", појасни Унал.